Државните девизни резерви над 2 милијарди евра

Bez autora
Dec 18 2012

На крајот на ноември вкупните девизни резерви се 2,097 милијарди евра, што е трета најдобра вредност во сите 20 години. Во споредба со октомври нашите девизни резерви пораснале за вкупно 9 милиони евра што претставува просечен дневен раст од 300.000 евра во споредба со октомври годинава. Македонија, најголем дел од своите девизни резерви чува во монетарно злато, во валути и депозити и во хартии од вредност од кои најголем дел се првокласни обврзници издадени од најразвиените светски држави (во најголем дел германски државни обврзници н.з.). Кај најголемата ставка - вложувања во хартии од вредност (во најголем дел првокласни државни обврзници) има раст од 0,08% и висината на таа резерва изнесува 1,548 милијарди евра, односно 1,3 милиони евра повеќе од октомври годинава. Кај монетарното злато износот на државната резерва изнесува 290,4 милиони евра односно за 1 милион евра повеќе, односно 0,3% во споредба со октомври годинава.

Државните девизни резерви над 2 милијарди евраНа крајот на ноември вкупните девизни резерви се 2,097 милијарди евра, што е трета најдобра вредност во сите 20 години, соопшти Народната банка на Македонија.

Во споредба со октомври нашите девизни резерви пораснале за вкупно 9 милиони евра што претставува просечен дневен раст од 300.000 евра во споредба со октомври годинава. Македонија, најголем дел од своите девизни резерви чува во монетарно злато, во валути и депозити и во хартии од вредност од кои најголем дел се првокласни обврзници издадени од најразвиените светски држави (во најголем дел германски државни обврзници н.з.).

Кај најголемата ставка - вложувања во хартии од вредност (во најголем дел првокласни државни обврзници) има раст од 0,08% и висината на таа резерва изнесува 1,548 милијарди евра, односно 1,3 милиони евра повеќе од октомври годинава. Кај монетарното злато износот на државната резерва изнесува 290,4 милиони евра односно за 1 милион евра повеќе, односно 0,3% во споредба со октомври годинава.

Кај трета најважна ставка во структурата на резервите - валути и депозити Македонија во странство чува 257,9 милиони евра на крајот на ноември годинава. Тој износ е за 6,4 милиони евра односно 2,5% поголем од износот на таа ставка во октомври годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik